| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници во Атина: Огнена пресметка меѓу Руси и Албанци на улиците

Немири кои избиле меѓу две групи на Руси и Албанци прераснале во огнена пресметка попладнево во Атина, при што се повредени две лица.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за инцидентот и потврди дека двете групи употребиле оружје.

Двајца странски државјани биле повредени и пренесени во болница, пренесе новинската агенција „АНА“.

Полицијата покренала истрага и ги уапсила учесниците во инцидентот.

 

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top