| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Заев и Димитров ќе одговараат пред државните институции за промената на името (видео)

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на денешниот протестен марш во Битола најави дека неговата партија ќе го бојкотира референдумот за промена на името.

– Секој патриот, секој чесен граѓанин, секој што држи до достоинството треба да им каже дека некои прашања не заслужуваат одговор. Референдумското прашање не заслужува одговор и народот треба да си ја гледа работата. Јас и мојата партија сигурно ќе го бојкотираме референдумот, рече Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top