| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка ноќеска во тетовско: Со „Форд“ излетал од патот, тинејџер итно пренесен на скопските клиники

Ноќеска во 02.00 часот, на локалниот пат с. Сиричино кон с. Туденце, тетовско, Р.И. (24) од с. Раотинце, тетовско, управувајќи товарно возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с. Јегуновце, тетовско. Тој бил пренесен во Клиничката болница -Тетово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top