ВМРО-ДПМНЕ е застаната цврсто на нозе, чекори, ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства на оваа капитулација која што денеска ни ја сервираа и сите обиди за деградирање на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име.
Ова денеска на протестниот марш го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по потпишувањето на Договорот за промена на името во Република Северна Македонија.
– Јас Христијан Мицкоски, од срце ви кажувам и со здрав разум зборувам, гледајќи во Македонците, во граѓаните на Република Македонија, достоинствено и исправено, никогаш, па макар и поцена на животот, никогаш, по ниту една цена, па макар таа чинела и живот нема да го поддржам ова капитулантско дело на Зоран Заев, порача Мицкоски.
Вели дека Македонија е името по кое се препознаваме и се разликуваме од другите.
– Не заборавајте тоа е нашиот код. Верувам во принципи и вредности. И јас не можам да бидам ништо поинаку од она што се моите принципи и вредности. А за сето ова што сега и го прават сега на Македонија ќе дојде денот кога ќе одговараат и пред законите, но и пред народот. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжи да работи и чекори биде со народот Македонија. Заедно ќе се спротивставиме на сите порази, порача Мицкоски.
Потенцира дека тој и раководството на партијата, заедно со Коалицијата цело лето ќе бидат меѓу луѓето и ќе ги посетат сите градови и села. Рече дека ова ќе биде „Лето за Македонија“.
– Ова лето ќе го посветиме за „Лето за Македонија“. затоа што тоа е нашиот долг кон нашата татковина. Тоа е она за кое што се бориме и ќе продолжиме да се бориме. Ќе биде посетен секој град од повеќе тимови на партијата. Ќе ги посетиме домовите на луѓето, ќе поразговараме со секој поединец. Ќе побараме мислење, ќе имаме граѓански собири на кои ќе ја кажуваме нашата вистина, нашата позиција и ставови. Заеднички ќе се спротивставиме на сето она што денес го мачи секој еден граѓанин. Народот мора да биде внимателен, не смееме да паднеме на изрежирани провокации. Тука тие ќе го бараат алибито за оваа капитулација која што им ја сервираа на татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст