| четврток, 6 декември 2018 |

Одумирањето на Македонија прославено со традиционални македонски јадења, вино и ракија (ФОТО)

По потпишувањето на срамниот договор меѓу Македонија и Грција, двете делегации предводени од премиерите на земјите, Зоран Заев и Алексис Ципрас, заминаа со глисери на македонска страна, во Отешево, за да ја прослават капитулацијата на Македонија.

На прославата, на која освен Нимиц, свеќи дуваше и Могерини, се ручало на традиционално македонски начин. Гостите почнале со ѓомлезе, бело сирење и пинџур а била послужена и нашата жолта ракија “Антика” . Главното јадење беше телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт била послужена баклава и палачинка со крем од ванила и овошје. Сето тоа било залиено со македонско вино од “Тиквеш”.

Македонските домаќини, европските и грчките гости биле исклучително задоволни од квалитетот на се што било ставено на маса.

Фото: Нова ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top