ВМРО го носи заветот на генерации и генерации Македонци за независност, слобода и своја држава. Тие генерации корави и цврсти Македонци за оваа своја цел, неретко плаќале со највисоката цена, своите животи, но и тогаш сметале дека тоа е премалку за она што преставувало нивната движечка енергија и цел- Македонија.
И тоа бил најисконскиот порив на македонскиот обесправен народ, тоа била борба за човечки правдини на сите кои живееле на овие простори, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, столетен пркос кој еволоуирал кон крајот на 19-тиот век во нешто што прераснало во организирано движење, подоцна означено со четирите свети букви В М Р О. И затоа овие букви се габарит и големина, голема чест, но пред се обврска, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од одбележвањето на 28 роденден на партијата.
-Александров ќе рече Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа.
И грешат оние кои сметаат, или пак намерно шират тези дека наводно ВМРО ДПМНЕ поделува, создава граници, и подигнува ѕидови, ВМРО е токму спротивното, тоа е заедничкиот покрив на една иста куќа, во која сите ние живееме, чии темели се силни, далеку продрени во земјата, изградени со човечки судбини и животи на многу генерации, кои се обединиле, пред се поради заедничкиот порив за слобода и своја држава.
ВМРО настанало како резултат на природниот стремеж на луѓето од овие простори, да се организираат, одбранат, да создадат нешто свое и заедничко, додаде тој и нагласи дека истрајноста е голема, затоа што ВМРО ДПМНЕ, исто како и ВМРО, преставува верба во принципи и вредности.
-Нешто што трае толку долго, и што обединува толку многу луѓе, мора да е вербата во принципите и вредностите. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ во својата структура и основа ја носи таа слободарска мисла, која е сонот на многумина пред нас, и наша обврска која мора да ја исполниме за генерациите по нас.
ВМРО и Македонија се иста идеја која ги натерала на дело и Татарчев, Карев, Делчев, гемиџиите, илинденците и оние потоа, партизаните, кои се чувари на огнот и стремежот за своја држава. Подеднакво и ние денес ја имаме таа обврска. Им бралогариме за тоа што го направија за да можеме ние денес да ја имаме оваа држава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст