Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево.
– Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со вин-вин изборот што го потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа. Овој договор им покажа на Европа и светот дека секој проблем може да се реши со дијалог и лидерство – изјави Могерини.
Најави дека ЕУ ќе ја следи имплементацијата на договорот, бидејќи, како што кажа, тој не е значаен само за двете земји, туку и за Европа и светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија
-
Могерини: Чистата препорака резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата