Денес, со почеток во 9.40 по македонско или 10.40 часот по грчко време во преспанското село Нивици или Псаридис, (на грчки), ќе започне цермонијата на потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција.
Од Владата соопштија дека министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат конечниот договор за решавање на спорот за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија. Во македонската делегација, ќе бидат и замениците претседатели на Владата на РМ, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во Псарадес ќе бидат пречекани од претседателот на Владата на Република Грција, Алексис Ципрас и од грчката владина делегација. Димитров и Коѕијас ќе го потпишат договорот, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц. На делот од заедничкиот настан на свечената церемонија во Република Грција, свои обраќања ќе имаат премиерите Заев и Ципрас.
Според агендата на настанот, официјалната средба на двете делегации потоа ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, каде што двете делегации ќе имаат билатерален разговор и свечен ручек.
За време на целата церемонија, и во Република Грција и во Република Македонија, ќе присутсвуваат потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации, Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент