| четврток, 6 декември 2018 |

Почна гласањето за недоверба на грчката влада, полицијата со солзавец против демонстрантите пред Собранието

Со обраќањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас заврши тридневната расправа во парламентот по иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на владата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од четвртокот напладне, 38 часа, со говори од над 193 пратеници, министри од владата и лидерите на политичките партии, грчкиот парламент дебатираше за договорот меѓу Македонија и Грција, дискусија која на моменти беше жестока, полна со меѓусебни обвинувања и критики, на релација власт опозиција.

Пред да започне гласањето, попладнево грчката полиција употреби солзавец против демонстрантите кои се собраа денеска пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија. Солзавец е фрлен против демонстрантите кои се обиделе да се качат по скалите пред парламентот.

Организаторите повикаа на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.

Истовремено со протестите, во грчкиот парламент течеше дебатата за барањето на опозициската Нова демократија за изгласување недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top