| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка на четири деца сама изградила куќа гледајќи упатства од Јујтуб (видео)

Тешко е да се замисли една жена без било какво искуство во оваа област да изгради куќа на два ката со пет соби само гледајќи на YouTube.

Кара Брокинс и нејзините четири деца се жив доказ дека кога се сака се се може.

Нејзиниот најстар син, Дру, и помагал на мајка си да направи нацрт на куќата и да добие одобрение од страна на градот за изградба, а нејзината ќерка Џеда почнала да собира вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темели, додека нејзината друга ќерка готвела оброци за сите.

Така успеала да изгради куќа за себе и за своите деца со 9 месеци работа.Поминале низ се, од копање темели до ѕидање на ѕидовите на куќата.

Кога инспекторите за прегледување на куќата дошле, биле изненадени како е се професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка, без никакво знаење за градежништво.

Нивниот дом кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два ката кои ги нарекле Inkwell Manor, куќата денеска вреди околу половина милион евра.

Погледнете од видеото како сето тоа изгледало и конечно како изгледа куќата која е направена само со помош на упатство од Youtube.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top