Бугарскиот министер за одрбрана Красимир Каракачанов се сомнева дали воопшто ќе стане реалност договорот Заев-Ципрас за „Република Северна Македонија“, која одеднаш и за него не е проблематично име за западниот сосед, иако до вчера и тој и целиот државен врв на Бугарија велеа дека тоа име го засега и Пирин.
– Во Македонија има бесна опозиција на името Северна Македонија, има опозиција и во грчкиот парламент. Западниот сосед треба да спроведе референдум со најесен резултат, а потоа и Парламентот да ги изгласа текстовите со двотретинско мнозинство, кое Заев и неговите албански партнери го немаат. Во меѓувреме, во 2019 година има парламентарни избори во Грција, на кои се очекува да победи десничарската опозиција Нова демократија, а таа во моментов е против името Северна Македонија – објаснува Каракачанов.
Во врска со новото име на соседот, тој сега вели дека недоумиците околу него биле решени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка?!
– Договорот содржи гаранции дека Скопје нема да пројавува претензии за територии и за малцинства. А името ‘Северна Македонија’ не треба да нè загрижува во ситуација кога пред речиси 30 години сме го признале сегашното, кое од географски аспект покрива многу поголема територија – изјави Каракачанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст