
Веќе е јасно дека, согласно договорот со Грција, споменикот „Воинот на коњ„ ќе добие натпис дека е од хелинистичкиот период и на тој начин ќе го симболоизира пријателството меѓу Грција и новоименуваната држава. Донекаде се апсолвирани и прашањата за имињата на Македонски Брод и Македонска Каменица, како и плоштадот во Виница.
Но, се поставува уште едно прашање-што ќе се случи со црквата „Св.Троица“ во Радовиш? За потсетување, нејзините темели беа поставени во април 1997 година, а беше осветена во октомври 2003 година, во присуство на целиот црковен врв на МПЦ-ОА. Нејзин ктитор беше бизнисменот и филантроп Ристо Гуштеров, а цената на чинење достигна 7 милиони евра.

Она што е најинтересно е дека на подот на црквата е поставено 16-кракото сонце од Кутлеш, а на нејзините ѕидови се поставени фрески со ликовите на Филип и Александар. За ова, ктиторот никогаш не беше обвинет за антиквизација, уште помалку за фашизам, како што тоа се правеше со Скопје 2014. Ние сме секуларна држава, што значи дека црквата е одвоена од неа. Меѓутоа, во договорот не се споменуваат црковните храмови. Дали Брегалничката епархија или бизнисменот Гуштеров сега ќе бидат принудени да интервенираат за да ги отстранат сонцето од Кутлеш и ликовите на Филип и на Александар? Ако бидат принудени на тоа, што ќе прават? Целосно ќе ги отстрануваат или ќе може да стават плочки со натписи како со споменикот во Скопје?!

Но, што и да треба да сторат, ќе остане дилемата зошто во Радовиш ќе се интервенира, а не и во катедралите, на пример, во Трани и Отранто во Италија каде, исто така, има мозаици со ликот на Александар Велики?
Пишува: Предраг Димитровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


