Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ги испиша стиховите од истаканатиот македонски поет и академик, Гане Тодоровски и со тоа ги повика граѓаните на протест в недела во Битола. Протестот ќе почне од плоштадот „Гоце Делчев“, лоциран во централниот дел на Широк Сокак, битолскиот Дом на Култура, поранешното кино Македонија и наспроти хотелот „Епинал“. Протестот е в недела, со почеток во 13.30 часот.
Вака пишуваше Гане Тодоровски за Македонија:
Ој, Македонијо, пушти го родот нека се растура
небаре семето Хамово, небаре проколнатици.
Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат
а безработните ќе трагаат пo работа.
Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите,
збери ги коските на своите закубеници,
коските Мисирковите, коските Цепенковите,
коските Ѓорче Петровите,
прибери ги во Скопје,
покpaj Гоцевите, покрај најсветите,
и крени крај нив паметник
на неродениот Македонец —
Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!
Се гледаме в недела, 13.30 часот во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


