| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со честитка за Бајрам: Почитувањето на верската различност е од особен интерес на сите граѓани и иднината на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку соопштение на реус-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и на сите муслимански верници им го честиташе големиот верски празник, Рамазан Бајрам.

-Рамазан Бајрам за сите муслимански верници претставува радост, но воедно ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава, се вели во честитката од Мицкоски.

Вели дека нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани.

-Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија. Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top