| четврток, 6 декември 2018 |

Заев, Шекеринска и Димитров – модерни домашни aндарти

Заев, Шекеринска и Димитров се целосно свесни за предавството, буквално опишано во говорот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој што нагласи дека со ваков договор на Грција и се дава отворена карта врз Македонците во Македонија да се спроведе истиот терор кој што со децении го спроведуваа грчките андарти врз Македонците во Грција.
Димитров и Заев со поддршка на Шекеринска, со договорот „признаваат“ дека подразбираат поинакво разбирање на Македонија и придавката македонски со различен историски контекст и културно наследство. Се’ што до сега негираше грчката држава во своите националистички напливи, сета тортура врз македонскиот народ, дивеењето за насилно погрчување, забраната да се изговори макар и збор македонски, доби потврда и одобрување од Заев, Шекеринска и Димитров. Според оваа тројка, ништо во Република Македонија не се поврзува со грчката „цивилизација, историја, култура и наследство на северниот регион на Хеленската Република“.
Со договорот, Заев, Шекеринска и Димитров, ги оправдаа дивеењата на грчките Андарти, доброволните одреди кои со свирепост, колеж и палење на селата извршија геноцид врз македонскиот народ. Истите Андарти кои и денеска протестираат рамо до рамо со грчката армија на протестите против Македонија.
Со договорот, Заев, Шекеринска и Димитров, го оправдаа Германос Каравангелис во чија канцеларија како трофеи биле поставувани отсечените глави на македонските дејци. Заев Шекеринска и Димитров застанаа зад ликот и делот на Германос Каравангелис, духовниот татко на Коте Христов од Руља.
Зарем не можеа Заев и Димитров кога веќе ја отстапија македонската историја на Грција, во име на чувствата и добрососедството да побараат отстранување на бистата на Каравангелис во Солун или споменикот на Каравангелис во Костур?
Заев, Шекеринска и Димитров со прифаќањето на ваков договор  извршија предавство врз македонската нација, туку и влегуваат во извршување на најтешкото злосторство – Етноцид! Најболното е што вакви злосторства, многу поголеми и потешки од етничко чистење, за прв пат во историјата на човештвото се извршува од домашни предавници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top