Европоскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) ја одобри исплатата на последната транша од меѓународната макрофинансиска помош за Грција во вредност од една милијарда евра, се наведува во соопштението од ЕСМ.
Советот на директори на ЕСМ дал указ да се деблокираат една милијарда евра наменети за Грција, се вели во докуметот. Траншата беше одобрена од Еврогрупата во март, но трансферот на парите беше одложен до исполнувањето на условите кои меѓународните кредитори ги бараа од Атина. Средствата ќе бидат доставени под формата преференцијален кредит.
Грчкиот Парламент денеска усвои нов пакет економски реформи, од чие спроведување зависеше исплатата на нова транша од 12 милиони евра од програмата за помош на Грција, која истекува во август.
Реформскиот пакет беше усвоен со 154 гласа „за“ и 144 „против“.
Новите реформи вклучуваат мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците за имот. Овие мерки треба да стапат во сила по завршувањето на програмата за помош, по што на нив ќе се надоврзе дополнителното намалување на пензиите во 2019 година и понискиот праг за даночно ослободување од 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


