Лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис поднесе интерпелација во грчкиот парламент за владата на Алексис Ципрас поради договорот за името. Според Мицотакис, станува збор за лош договор и прифаќањето на македонскиот јазик и македонската националност е неприфатлив национален пораз.
Претседателот на Нова Демократија вели дека државата добива географска одредница, но не и нејзиниот народ.
-Можете ли да ми кажете зошто луѓето да се викаат Македонци и да зборуваат македонски, го праша Мицотакис премиерот Ципрас.
Мицотакис му забележува на Ципрас и дека се подготвува да потпише договор во Преспа во недела, без да потврди дека има парламентарно мнозинство и без едногласна поддршка од неговиот кабинет.
-Сè ова е без преседан. Обврзан сум да ги искористам сите можности предвидени со Уставот да го спречам застранување на институциите и ставање на иднината на земјата под хипотека, вели Мицотакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст