| четврток, 6 декември 2018 |

Овој петок Струга ќе биде храм на електронската музика

На 15.  јуни, петок, со почеток во 22 Дримон Фестивал и Десонанц Фестивал организираат целовечерен настан во Струга. Во склопот на овој настан ќе настапат 8 ди-џеи на два стејџа и афтер на брод се до утринските часови.

Покрај британскиот ди-џеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските ди-џеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби, Кроном. Главната сцена на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот хангар кој се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, додека на летната сцена ќе биде сместен вториот стејџ каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат нараквици за афтер на брод, за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата за кој се планирани Меги и Митрик.

Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Фабрик, Бергхајн, Трезори сл. Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Токен, Семантика и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“.

Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот. Карти во предпродажба во строго ограничен број ке можат да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и на пред почетокот на настанот на врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top