| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ

Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило.

– Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата, соопшти МВР на Србија.

За случајот е известено Обвинителството и полицијата по него интензивно трага, јавуваат српски медиуми.

Цветковиќ работеше на извештаи за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ и во мај оваа година беше задржан на преминот Јариње и спроведен до полициска станица поради информативен разговор. Во февруари во Белград одржа прес конференција под наслов „Колку чини ликвидација на север на Косово“ и покажа фотографии од лица кои биле наводно, вмешани во ликвидација на Ивановиќ и изнесе тврдења дека атентатот бил платен 40.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top