Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје побрзо од дозволената брзина возеле 65 возачи, а 12 биле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи користеле мобилен телефон додека возеле.
Билтенот на СВР Скопје покажува дека се случиле вкупно осум сообраќајки од кои четири со повредени лица и четири со материјална штета. Полесно повредени биле шест лица.
Од сообраќај се исклучени 13 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и четворица возачи почетници. Со истечена сообраќајна дозвола биле 20 возачи, а едно возило било неисправно.
Пет возачи поминале на црвено светло, а двајца не им дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.
Непрописно паркирани возила биле 104, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 61 возило. Кај пешаците, осум поминале надвор од пешачки премин, а шест поминале улица на црвено светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст