После завршувањето на средбата меѓу Романија и Македонија повеќе причини за славење и задоволство имаше кај нашите репрезентативци. Тие успеаја да се изборат за победа и пласман на Светското првенство така што ова гостување во Клуж ќе се памети по убаво.
Тој имаше добра партија и на денешната средба, па после натпреварот го кажа своето видување за она што беше направено.
„Уште пред средбата кажав дека ова нема да биде воопшто лесен натпревар. Селекцијата на Романија во своите редови има квалитетни ракометари, а ние им дозволивме да постигнат неколку лесни голови. За разлика од првиот натпревар беа подобро подготвени и одиграа подобро во второто полувреме. На крајот дојдоа и до победа, но ние знаевме што сакаме на овој дуел и знаевме како да го контролираме овој меч. Иако загубивме на оваа средба, сепак, останавме смирени и успеавме да се вратиме во мечот. Ако условите за игра денеска беа подобри сигурно ќе беше и подобро. Тука мислам на високата температура“, коментираше Ристовски на пресот после средбата.
Со ова Македонија се најде на завршницата на уште едно СП, а дотогаш ракометарите ќе имаат нов собир на кој ќе имаат задача да одработат две кола од квалификациите за ЕП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст