| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас: Договорот е непотребен и понижувачки компромис

Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Не му го дадоа само името на Скопје, ги дадоа и националноста и идентитетот и јазикот на Македонија. Меѓународно го слабее грчкиот карактер на Македонија. Создавајќи повеќе жаришта за конфликти во иднина. И поткопувајќи ја стабилноста на целиот регион. Може СИРИЗА и Независни Грци со лаги ги добија гласовите од грчкиот народ. Но, да знаат дека Грците нема да прифатат да им ја украдат нивната душа, коментира Самарас преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top