Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.
На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, Курц додаде дека Виена им честита на Скопје и на Атина за решавање на спорот за името и се надева дека тоа ќе придонесе за понатамошно приближување меѓу Западен Балкан и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст