Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот „Тенк“, во кој е обвинета Гордана Јанкулоска, и денеска ја покажа бескрупулозноста на партиското судство.
Кацарска ѝ се закани на одбраната на Јанкуловска дека во иднина нема да прифати никакво боледување откако на денешното рочиште за „Тенк“ поради ризична бременост не беше присутна обвинетата Гордана Јанкулоска.
Мислењето на техничкиот советник на одбраната д-р Татјана Гуржанова, која е и овластен судски вештак од областа на акушерството, и мислењето на Конзилиумот се идентични, односно дека Јанкулоска се наоѓа во 37-та недела од бременоста и поради тоа ѝ е препорачано строго мирување.
Бранителот на обвинетата Гордана Јанкуловска, Сања Арсиќ достави до судот мислење од д-р Гиржанова кое е формирано од извршените прегледи од конзилиумот на доктори од Клиниката за гинекологија и акушерство, во кој што учествувала и Гиржанова, , а на барање на судијката Кацарска.
Но, судијката Кацарска рече дека ова е последен пат да одложува рочиште и ѝ се закани на одбраната дека во иднина ќе презема други мерки. Поради тоа што Јанкулоска јавно ја прозивала во медиумите, Кацарска рече дека како мајка, како жена, ќе почитува 45 дена и веднаш со строг тон почна да ги чита следните термини.
Закажани термини за рочишта за Гордана Јанкулоска
29.06. 04.07. 05.07. 09.07. 12.07. 13.07. 29.08. 30.08. 04.09. 05.09. 10.09. 12.09. 14.09. 17.09. 18.09. 20.09. 24.09. 26.09 .27.09. 01.10. 03.10. 05.10. 08.10. 10.10. 12
10. 15.10. 18.10 19.10 24.10 26.10.
Таа закажа термини од 29 јуни, 29 август, 30 август, 4 и 5 септември, па сè до крајот на октомври, иако не ѝ се верувало дека до тогаш ќе трае предметот „Тенк“.
Судијката ѝ порача на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да не си поигрува со судот и закажа вкупно 25 рочишта за случајот „Тенк“.
Јанкуловска, која има ризична бременост не дојде на денешното рочиште. Нејзината одбрана се повика на мислењето што го даде Клиниката за гинекологија и акуштерство, дека Јанкулоска треба да мирува, сè до породувањето.
На нејзината одбрана им пораќа дека тогаш нема да бидат земени предвид никакви оправдувања и боледувања и дека доколку не се почитуваат датумите за судење, ќе бидат преземени и други мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст