Млад кумановец го насадил дворот со канабис сатива (растение од кое се добива марихуана) и го замаскирал со најлон за да не се гледа од улицата. Сепак, полицијата го открила насадот кој веќе достигнал височина од 1,5 метар.
СВР Куманово соопшти дека поднеле кривична пријава против И.Ѓ.(36) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Претресот бил извршен завчера во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени вкупно 31 насад од растението „канабис сатива“. Одгледуваните насади се со височина од околу 1,5 метар, и истите биле заштитени односно сокриени со најлонска фолија за да не бидат видени од улицата. Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
И.Ѓ. е познат сторител на повеќе кривични дела тешка кражба и каржба за што е и осудуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.