| четврток, 6 декември 2018 |

МНР Косово им честита на Заев и Ципрас за новото име, Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи на Република Косово им честита на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравува историски договор меѓу двете земји за решавање на прашањето за името.

МНР смета дека овој договор ќе придонесе за натамошно зајакнување на мирот, за одржување на стабилноста, градењето доверба, трансформација и евро-атлантската интеграција на целиот Југоисточен редгион на Европа, продлабочување на билатералната соработка меѓу нивните земји и да го зголеми просперитетот за граѓаните.

Ова министерството смета дека донесувањето на овој историски договор е сведоштво и пример дека кога постои волја, подготвеност и лидерство преку дипломатија, дијалог и меѓусебно почитување може да се постигнат решенија и за потешки прашања.

Министерството за надворешни работи им се заблагодарува на сите страни и актери вклучени во процесот што помогнаа да се постигне овој Договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top