| четврток, 6 декември 2018 |

Кабинет на Иванов: Средбата траеше две минути, претседателот денеска ќе ѝ се обрати на нацијата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

– Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Неофицијално, средбата била во непријатна атмосфера и претседателот Иванов им ја покажал вратата на Заев и Димитров, посочувајќи дека не споделуваат заеднички гледишта со луѓе кои сакаат да ја избришат Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top