| четврток, 6 декември 2018 |

Сакале нелегално да преминат граница: Ноќеска уапсени момче од Липково, двајца Авганистанци и 14 Пакистанци

Ноќеска во 00.45 часот на излез од с. Лојане, општина Липково, кај место викано „Миратовачки пат“, при обид на илегално преминување на дражвната граница, полициски службеници ги забележале и привеле во Полициската станица за Граничен надзор Сопот А.С. (21) од с. Лојане, општина Липково и две лица од Авганистан.

Подоцна, на место викано „Ресуљка“, биле пронајдени и приведени уште 14 лица од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top