Ученици од еден клас во средно училиште во Бразил дознале дека нивниот професор поминува низ тежок период во животот, па му приредиле изненадување кое веројатно никогаш нема да го заборави.
Бруно Рафаел Паива немал примено плата два месеци заради што бил присилен да живее и спие во училиштето. Тој ја менувал колешката која била на породилно, а поради бавната бирократија во Бразил, ни после два месеци работа не добил плата.
Кога учениците дознале за што станува збор и дека нивниот наставник нема пари, собрале околу 400 долари и го изненадиле.
– Имав многу класови на кои сакав да им предавам и да им бидам учител, но ниту еден не покажа ваква љубов, помош и грижа за мојата работа како овој, напишал Паива на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст