Дали извлековме максимум без притоа да го загрозиме договорот? Апсолутно. И затоа ќе го бранам со сѐ што сум и со целото срце. Зошто се втурнавме во ова? За да можеме да се погледнеме во огледало, да си кажеме дека направивме сѐ за да го фатиме возот за иднината, заштитувајќи го идентитетот и достоинството. За да спиеме мирно. Со мирна совест. Ова е дел од Фејсбук статусот на Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонина.
Неговата порака ја пренесуваме во целост:
„Нема поголема должност од директно соочување со најголемиот проблем што со децении ни’ ја попречува иднината. Што нѐ влече надолу како камен врзан за државноста во бурните води на Балканот. Одговорноста да се создаде шанса, да им се понуди избор на граѓаните, на народот, е позначајна од какви било политички калкулации, па макар тоа да значи и политичка саможртва. Со предложеното решение се става точка на сите идентитетски прашалници и предизвици. Македонци, македонски народ, македонски јазик. Се обезбедува европска иднина и НАТО безбедност.
Дали договорот е идеален? Секако не. Но, да не заборавиме дека секој успешен договор треба да ги исполни најважните интереси на двете страни. Дали направивме сѐ што можеме во дадените околности? Дали извлековме максимум без притоа да го загрозиме договорот? Апсолутно. И затоа ќе го бранам со сѐ што сум и со целото срце. Зошто се втурнавме во ова? За да можеме да се погледнеме во огледало, да си кажеме дека направивме сѐ за да го фатиме возот за иднината, заштитувајќи го идентитетот и достоинството. За да спиеме мирно. Со мирна совест.
Ви благодарам на сите за безбројните пораки со поддршка, совети и критики сиве овие месеци. Ги читав иако не секогаш одговорав. Човек е голем, силен и мудар толку колку што му се големи, силни и мудри пријателите“, напиша на својот фејсбук-статус Никола Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст