| четврток, 6 декември 2018 |

Добар пример за надминување на конфликти: Гутереш го поздрави договорот меѓу Заев и Ципрас

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија квалификувајќи го како „пројава на лидерство во регионот и вон него”.
Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генралниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Гутереш се надева дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори, додаде Џарик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top