Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина го нарече лажна победа и договор за капитулација.
– Денеска е тежок ден за Република Македонија. Видовме прес на кој поразот се прикажува за лажна победа. Правото на јазик и националност се прикажуваат за извојувана победа. Тоа е нешто што ние го имаме загарантирано и пред овој договор. Колку и да се обидува Зоран Заев да демонстрира еуфоричност, се гледа од далеку дека ова е пораз. Тоа е чувството кај граѓаните,потиштеност и горчина. Преговорите се водеа во тајност. Опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ не беа вклучени во разговорите, сега е јасно зошто. Во суштина така наречениот договор е прифаќање на сите грчки позиции. Ако договорот е прифаќање на промена на уставот и промена на името за внатрешна и надворешна употреб, тоа е договор за капитулација – рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека мора да има задолжителен референдум, а не консултативен и дека на истиот би гласал против промена на името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи