Во мај биле издадени 209 одобренија за градење што е за 14,7 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Вредностa на објектите изнесува 1,739 милијарди денари што е за 24,2 отсто помалку од лани.
Според Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 168 или 80,4 проценти се наменети за објекти од високоградба, 23, односно 11 отсто за објекти од нискоградба и 18 или 8,6 проценти за објекти за реконструкција.
Од вкупно 209 објекти, на 162 (77,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 47 објекти (22,5 отсто) инвеститори се деловни субјекти. Предвидена е изградба на 354 станови, со вкупна корисна површина од 35.050 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.