| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас го информирал грчкиот претседател Павлопулос кој го поздравил договорот Скопје-Атина

Посигнат е договор за промена на официјалното име на нашиот северен сосед, му соопштил доцна попладнево премиерот Ципрас на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Тој му рекол на грчкиот претседател дека македонската страна прифатила ерга омнес и уставни измени.

– Сакам да ви соопштам добра вест. Доаѓам со договор што го постигнав со премиерот на ПЈР Македонија за работите кои што не оптоваруваа и поради кои со години бевме загрижени. Имаме договор, имаме сложено име со географска одредница за сите намени. Нашите соседи ја преземаа обврската за уставна ревизија која предвидува промена на нивното уставно име. Најважната работа е дека во Уставот се менуваат и елементите кои што предизвикуваа недоразбирања и што е особено важно овој договор се гарантира културното богстство и наследство на грчка Македонија. Ова е многу важно бидејќи во минатото имаше многу обиди да се преземе грчкото наследство на Македонија. Договорот ќе влезе во сила и ќе биде ратификуван од грчкиот парламент откако другата страна ќе ги исполни своите основни обврски особено уставната ревизија. Овој добар договор мора прво да биде имплементиран од нашите соседи за ние да може да продолжиме. Јас најпрво вас ве информирам, а веднаш потоа ќе ги известам и лидерите на политичките партии и ќе го контактирам претседателот на парламентот за веднаш да свика посебна парламентарна сесија да го разгледаме документот. Овој договор е од клучно значење и е крупен историски чекор – му рекол Ципрас на претседателот на Грција.

Грчкиот претседател изјавил дека договорот е добар и ги вклучува барањата за ерга омнес и уставна ревизија.

– Ова е добар договор кој што ги задоволува условите кои што ги бара Грција. Сега задача на ПЈР Македонија е да го оствари тоа на што е посветена и да напредува во процесите. Грција не би можела да потпише договор кој што е спротивен на нејзиниот Устав. Мора да се почитува историјата која досега беше злоупотребувана и добро е што е постигнат договор бидејќи тој го спречува узурпирањето на историјата и наследството на античка Македонија – изјави Павлопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top