На децата со малигни заболувања не им се дава лек актиномицин Д, антитуморен антибиотик, вид на терапија за специфични видови на рак, што најчесто се дијагностицираат кај деца. Недостиг од овој лек има веќе две години, вели Д-р Билјана Чонеска Јованова и додава, годишно има од 35 до 40 новодијагностицирани пациенти – деца, но негира дека има тренд на зголемување на бројката.
Професор д-р Катерина Ставревиќ, в.д. директор на Клиниката за детски болести вели дека лекот ќе биде набавен, но на отварањето на т.н. „Тивка соба“, мал реновиран дел на онкологија, посочува дека неопходна е реконструкција на целиот оддел со цел да им се овозможи подобар престој на дечињата.
Од Здружението „Санос“ со чија помош е отворена „Тивката соба“ најавија изградба на родителска куќа наменета за сите оние родители чии деца се на подолг престој во болницата.
На одделот за окнологија во моментов се сместени 115 деца. Останува отворено прашањето зошто болниците и здруженијата, „се крстат“ во добродушноста на граѓаните и нивните донации и кога здравствените власти ќе обрнат поголемо внимание на клиниката за детски болести каде престојуваат деца со малигни заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст