Severna Makedonija користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, се вели во документот од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина.
Договорот, меѓу другото, ја содржи и следнива главна точка:
– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.
„Република“ побара одговор од Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска што би значело ова за протераните од Егејска Македонија кои имаат тапии од имоти? И за Македонците што живеат таму без разлика што се пишуваат Грци?
Според Каракамишева со договорот се бара од македонските власти комплетно да се откажат од грижата за Македонците што живеат во соседните земји, односно да се откажат од Македонците што живеат во Егејскиот дел од Македонија, но и што живеат насекаде во светот. Ова нивно експлицитно барање значи јасно упатен ултиматум до Македонските власти повеќе да не смеат да покажат грижа за правата и за положбата на своите сонародници во Грција, но и на сите Македонци во светот.
-Очигледно е дека на грчките политичари и натаму им смета член 49 од Уставот на РМ каде стои дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“.
И покрај тоа што во 1992 година под директен притисок на Грција Македонската страна се согласи да го дополни член 49, став 1 со уште еден уставен амандман со кој се посочи дека „Републиката при тоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“, очигледно е дека и овој амандман не ги задоволува грчките апетити и интереси.Но, позадината на ова грчко барање е страотна за тој што знае да ја прочита.
Сега, со договорот се бара од македонските власти комплетно да се откажат од грижата за Македонците што живеат во соседните земји, односно да се откажат од Македонците што живеат во Егејскиот дел од Македонија, но и што живеат насекаде во светот. Ова нивно експлицитно барање значи јасно упатен ултиматум до Македонските власти повеќе да не смеат да покажат грижа за правата и за положбата на своите сонародници во Грција, но и на сите Македонци во светот.
Ако евентуално се случи промена на нашиот национален идентитет како северно македонци тоа ќе значи и де јуре и де факто постоење на разлика меѓу нас и Македонскиот народ што живее во Грција, но и во другите држави.
Грчките власти не случајно бараат целосно бришење на таа одредба и нејзино усогласување со грчката формулација што постои во нивниот Устав. А што вели нивниот Устав? Членот 108 1. од Грчкиот Устав на кој упатуваат Грците во делот на истородноста аналогно со грчкиот Устав гласи: „Државата мора да се грижи за емигрантите Грци и за одржување на нивните врски со Татковината. Државата ќе биде присутна во образованието, во социјалниот и професионално унапредување на Грците што живеат надвор од државата. Во посебен закон ќе бидат уредени прашањата поврзани со организацијата, функционирањето и надлежностите на Советот на Грци што живеат надвор, а чија што мисија е поврзување на сите грчки заедници ширум светот, вели професорката.
Таа истакнува дека ако ние го промениме нашиот идентитет во Северно Македонски тоа практично ќе значи дека ние тука, и Македонскиот народ што живее во Егејскиот дел од Македонија или на друго место во светот не сме ист народ, ќе значи дека ние немаме истороден народ што живее во дијаспората, бидејќи никаде во светот не постојат и не живеат Северно Македонци.
– Ако ние го промениме нашиот идентитет во Северно Македонски тоа практично ќе значи дека ние тука, и Македонскиот народ што живее во Егејскиот дел од Македонија или на друго место во светот не сме ист народ, ќе значи дека ние немаме истороден народ што живее во дијаспората, бидејќи никаде во светот не постојат и не живеат Северно Македонци. Оваа нова кованица што ни ја смислија Грците ќе биде нова вештачка творба која како народ ќе живее само на територијата на нашата држава, и никаде на друго место во светот. Ние, северните македонци нема да имаме ништо заедничко со Македонците што живеат во Грција или во другите држави ширум светот. Со тоа практично ние ќе бидеме принудени доброволно, но по пат на наметната уцена самите да се откажеме од милионите наши сонародници кои живеат надвор од нашата Татковина и нема да можеме да бараме нивна заштита или образование или културно заедништво со нив бидејќи ќе бидеме сосема различен народ поинаков од нив!
Ова е класичен културен геноцид што Грција сака да ни го направи врз нас Македонците, ова не смееме да го дозволиме по ниту една цена, потенцира Каракамишева Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст