Денес во попладневните часови, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност проследена со појава на локален пороен дожд и грмежи.
Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.
Во Скопската котлина, претежно во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, некаде со појава на град и проследени со повремено засилен ветер.
И во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, локално процесите ќе бидат и во форма на невреме. Во петок се очекува врнежите да бидат пообилни. Во овие денови утринските и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.