Оние кои го пробале имаат само пофални зборови за оваа комбинација.
Потребни состојки:
зелен чај
цимет
ловоров лист
Начин на подготовка:
Сварете 800 милилитри вода, тргнете ја од шпорет, па додајте едно стапче цимет, три ловорови листови и рамна супена лажица зелен чај. Поклопете ја и оставете ја да отстои 15 минути, а потоа исцедете ја.
Примена:
Кога е метаболизмот во прашање, важно е да знаете дека најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш по будењето. Испијте ја првата шолја од овој чај на празен желудник. Втората шолја можете да ја испиете веднаш по појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.
Три шолји од овој чај дневно помагаат при слабеењето, особено влијаат на критичните точки на телото, како што се стомакот, бутовите и задникот. Првите резултати се видливи после една недела. Сите три состојки од напивката одлично ги согоруваат маснотиите и го забрзуваат метаболизмот.
Притоа, се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губење килограми треба да биде придружен со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст