Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана на Грција и претседател на Независни Грци, Панос Каменос останува на неговиот став дека нема да поддржи договор што ќе содржи име со терминот Македонија и смета дека потребна е лидерска средба под покровителство на претседателот на државата за да се промени одлуката донесена во 1992, според која името треба да биде без терминот Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Панос Каменос непроменетата позиција ја повтори на денешната прес-конференција, на која рече дека партијата има јасен, познат и цврст став, но изрази и резервираност дали договорот би поминал кај нас.
– Не се согласуваме и нема да гласаме за ниеден договор што ќе го вклучува терминот Македонија. Ова е одлука што излезе со формирањето на движењето, рече Каменос и објасни дека е во континуирана комуникација како со Ципрас, така и со Коѕијас, а од она што вчера го слушнал од шефот на грчката дипломатија, лидерот на Независни Грци рече дека од условите во договорот смета дека „во никој случај овој договор нема да биде прифатен или на референдум или од мнозинството во собранието на Скопје“.
Во однос на условите во договорот, Каменос, без да открие детали, коментираше дека се доста силни и дека доколку не беше вклучено името Македонија, тие како партија немаше да се обврзат да гласаат против.
– Гледам услови кои се доста силни во однос на тоа што се однесува на словенското потекло, на словенскиот јазик, на расчистувањето на историјата на Македонија, на Александар Велики, на Филип итн. Такви услови што Грција ги вклучи во нејзиниот предлог, до сега немам видено, рече Каменос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст