Во продолжение на текстот од основата на договорот, што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина, наведени се и следните етапи:
– Договорот да помине во Собранието на соседната земја (владата на Заев го има потрбното мнозинство)
– При непотпишување од страна на претседателот Иванов се враќа на повторно гласање во Собранието.
– Писмо од грчката влада до ЕУ и НАТО со кое се охрабрува почеток на пристапни преговори за Северна Македонија со ЕУ и приклучок во НАТО, под услов да е направена ревизија на Уставот.
– На Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, (25-26 јуни) и на Самитот (28-29) би се побарало позитивен сигнал Северна Македонија да започне пристапни преговори и покрај противењето на Франција и на Холандија, но со поддршка од Германија.
– На самитот на НАТО (11 јули) би се упатила покана за членство, под услов да се направени уставните измени.
– Владата на Заев ќе испрати писмо до 190+ држави коишто ја признаваат „Република Македонија“ дека името Severna Makedonija ќе се употребува во билатерално и во меѓународна комуникација.
– Во периодот од јули до декември 2018, владата на Заев ќе мора да одржи референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се случат уставните измени. Ако е негативен, има план – Б, за одржување парламентарни избори со референдумски карактер.
– По спроведувањето на договорот во Северна Македонија, во грчкиот парламент договорот ќе се ратификува истовремено со гласањето за влез на соседната земја во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст