Поранешниот претседател на Советот на општина Шуто Оризари во Скопје од СДСМ, Геге Демировски, ги обвини неговите внатрепартиски ривали дека завчера вечерта, сакајќи да го убијат го нападнале со железни шипки, пишува порталот на албански јазик „Факте“.
Според „Факте“, Демировски рекол дека неговите соработници се длабоко вклучени во криминал и мафијашка работа, па затоа тој им пречи. Случајот во полиција го пријавил Демировски и како што тој вели, ако институциите не превземат мерки тој самиот ќе превземе мерки.
Инаку, Геге Демировски заедно со Курто Дудуш беа двете клучни фигури на СДСМ во Шутка на последните избори, а важат и за најдоверливите луѓе на раководството на оваа партија, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Муарем Зекири. По победата на изборите, Дудуш беше избран за градоначалник, а Демировски беше назначен за претседател на Советот на општината. Но по некое време, избувнаа несогласувања меѓу нив и советот го разреши Демировски, а неговото место беше именувана жената на градоначалникот Дудуш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст