Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во својата нова колумна пишува за последните политички случувања во државата, но и за големиот сенароден протест на најголемата опозициска партија во Македонија, кој според Николовски го одбележале два силни моменти. Имено потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ пишува дека иако на протестот имало многу луѓе од сите краишта на Македонија и од сите возрасни категории, сепак разликата ја направи Скопје и младите. Според Николовски, масовниот одзив на митингот во Скопје, како и на младите од цела држава, покажува дека времето на слатки лаги заврши, дека оние што поверуваа дека со владеењето на Заев и СДСМ „ќе стигнеме пред портите на рајот“ се разочараа и го видоа неговото вистинско лице.
-Има два момента кои оставија силен впечаток на митингот на ВМРО-ДПМНЕ кои вреди да се изанализираат. Иако дојдоа многу луѓе од сите краишта на Македонија и од сите возрасни категории, сепак разликата ја направија Скопје и младите. И Скопје и младите долго беа симбол на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал, поради погрешни политики и недоволно внимание во последните години станаа предводници на т.н. Шарена револуција и факторот кој помогна СДСМ да се доближи на парламентарните избори во 2016 година и да победи на локалните во 2017 година. Масовниот одзив на митингот во Скопје, како и на младите од цела држава, покажува дека времето на слатки лаги заврши, дека оние што поверуваа дека со владеењето на Заев и СДСМ „ќе стигнеме пред портите на рајот“ се разочараа и го видоа неговото вистинско лице.
Истите тие, како и сите преостанати што дојдоа од цела Македонија, како и многуте кои сакаа но не дојдоа бидејќи се плашеа од заканите за своите работни места, егзистенција или иднината на своите деца, се на чисто дека времето на слатки лаги заврши, а притисокот не може да трае вечно.
Сега е на ВМРО-ДПМНЕ да ја канализира таа енергија и со добар тим, издржана програма и многу храброст и масовност да се спротивстави на оваа власт на Заев која, коцкајќи се со националните интереси на Македонија и Македонците, мисли дека може да владее со страв и терор. Тие времиња поминаа.
Летово ќе се гледаме на многу места низ цела Македонија, како и есента и зимата и ќе зборуваме за сето ова, пишува во својата колумна Александар Николовски, потретеседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст