| четврток, 6 декември 2018 |

Пропагандата на Заев со уште еден доказ дека трева пасеме

Нема никакви поделби во македонската Влада околу начинот на решавање на спорот со името, реагираше денес Владата по текстот што вчера го објави грчкиот весник Та Неа.

Весникот тврди дека во македонската влада има несогласување помеѓу премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров кој, според Та Неа „продолжува да игра лична игра”. Поради тоа има застој во процесот, телефонот на Ципрас не ѕвони а причина е Димитров кој е незадоволен од договорот.

Владата испрати демант на овие информации а Заев и Димитров денес со нивните семејства заедно ручаат во Струмица за да покажат, помеѓу другото, дека нема никакви разлики во нивните ставови во однос на договорот со Грција.

Владата ги отфрла тврдењата во некои медиуми за наводни поделби и разногласија. Тврди дека е единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

Како што вели за МИА владиниот портпарол Миле Бошњаковски, не постојат никакви поделби во Владата на Заев.

– Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови и јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија, вели Бошњаковски.

Според него, Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратешкиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top