| четврток, 6 декември 2018 |

Арачиновецот Селими нема да биде командант на Тигрите

Арачиновецот Локан Селими нема да биде заменик командант на единциата Тигри како што јавија медиумите на албански јазик повикувајќи се на извори блиски на заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу.
По три дена МВР демантира дека Албанец ќе добие командната позиција во специјалната единица Тигри. Според МВР партиската, верската или било која друга припадност, не е “критериум“ за напредување во МВР. Станува збор за целосна тенденциозна невистина се вели во реакцијата на МВР. Во меѓувреме во притвор е еден од командантие на единицата во операцијата во Диво насеље кога загинаа 8 нејзини припадници. Командантот на Тигрите сега е во затворот во Шутка осомничен за непостапување при настаните на 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top