Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатата вечер (09/10.06.) во периодот од 22,00 до 05,00 од страна беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.
-Вкупно се контролирани 304 возачи. 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата- се вели во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре