| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка на дебата во Албанија – се пресметаа синдикални лидери (Видео)

Лидерите на двата албански синдикати сe степаа на телевизиската дебата која се емитуваше во живо.

Претседателот на Синдикатите на рударите, Фикири Џибри го нападна претседателот на Конфедерацијата на синдикатите на Албанија, Кол Николај, а тој врати на ударите. Синдикалците се степале поради различните ставови за протестите кои ги најавуваат рударите во Албанија, кои работат во тешки услови, за мали плати. Емисијата заврши порано од предвиденото поради тепачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top