| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени над 600 кутии со сликички од фудбалери

Група криминалци упаднала во печатница каде се прават сликички и одзеле 638 кутии, објави аргентинскиот дневник „Насион“. Крадците вооружени упаднале во печатницата во предградието во Буенос Ариес и ги натерале вработените, сликичките од фудбалерите кои ќе настапуваат на светското првенство во фудбал во Русија да ги натоварат на камион, по што побегнале.

Како што соопштила аргентинската полиција, украдени се вкупно 6.380 кесички со сликички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top