Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, информира денеска Министерството за надворешни работи.
Од МНР наведуваат дека во овој исклучително деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и Грција домашната и меѓународната јавност треба да бидат информирани за следното:
– Во текот на разговорите беше покажана добра волја и беше постигнат добар резултат. Во овој момент, како и во секој процес од ваква природа, потребно е таа добра волја да се преточи од страна на работните групи во текст на договор, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни. Република Македонија посакува и интензивно работи тоа да се случи што побрзо до претстојниот состанок на Европскиот совет, воедно укажувајќи дека за вака значајни прашања не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, се вели во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст