| четврток, 6 декември 2018 |

Детскиот филм „Планинско чудо – Неочекувано пријателство“ во шест киносали низ Македонија

Детскиот филм „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“, добитник на Специјално признание на Берлинскиот филмски фестивал минатата година во детската програма, од денеска почнува да се прикажува во шест киносали низ републиката. Проекциите тргнуваат од киното „Милениум“ и Кинотеката на Македонија во Скопје и продолжуваат во Битола, Неготино, Струга, Куманово.
Филмот е добитник на повеќе од 11 награди и исто толку номинации. Приказната се одвива околу една девојка што страда од астма е однесена во клиника во јужен Тирол за да се излечи. По некое време таа решава да избега од овој пекол (како што таа гледа на сето тоа) и наскоро ќе запознае нов пријател. Заедно решаваат да се искачат на врвот на планината, каде што, според старите верувања, може да биде излечена.

Станува збор за семеен филм во германско-италијанска копродукција, комбинација од авантура и драма. Режијата е на Тобијас Виман, а улогите им се доделини на Денис Мошито, Сузан Борман, Јасмин Табатабаи, Миа Касало. Филмот трае 97 минути.

Дистрибутер за Македонија е „Узенгија“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top