| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите

Прекинато е денешното рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села, во Собранието на 27 април 2017, откако на Александар Јаневски – Тошта, еден од обвинетите му се слоши и се онесвести.

Имено, се повлече обвиението против лицето Сашо Сенков, за кој се утврдило дека нема насилни испади во случајот со нападот на Села. Обвинетите пак, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ќе се гонат за насилство. Новите доказни материјали покажале дека во нивните дејствија не се содржани елементите на кривичното дело – обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top